Синот на фудбалската легенда Диего Марадона ја коментираше дебатата околу тоа дали аргентинската sвезда Лионел Меси е подобар фудбалер од неговиот татко, велејќи дека додека капитенот на Барселона е најдобар меѓу народот, татко му е Бог на фудбалот.
Лионел Меси ја освои секоја титула во светот на клупскиот фудбал. Сепак, ова не важи за неговата кариера со репрезентацијата на Аргентина, со кого досега не успеа да победи на ниту едно големо натпреварување. Аргентинскиот тим претрпе пораз на СП 2018 година, каде во елиминациската фаза беа елиминирани од Франција.
Шесткратниот добитник на Златната топка се врати во екипата на Аргентина по долгата пауза што ја однесе по Купот на Америка. Меси не успеа да победи на натпреварот против Венецуела, во кој се повреди и се врати во Барселона, не можејќи да игра против Мароко.
Од друга страна, Диего Марадона, кој исто така важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, и помогна на Аргентина да ја освои титулата на СП во 1986 година.
„Меси е феномен, но никој не може да го спореди со татко ми. Не можете да ги споредувате луѓето со вонземјаните. Жал ми е, но никој нема да го достигне нивото на татко ми, тоа е невозможно“, рече Марадона rуниор.
Марадона јуниор беше исто толку јасен во одговорот на дебатата за Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
„Го обожавам Меси. Тој е најдобар сега и Кристијано не е ни приближен. Секој што го критикува во Аргентина не знае ништо за фудбалот. Татко ми многу го сака и многу зборува со мене за него“, додаде Марадона rуниор.