ФУДБАЛ

Синот на Роналдињо дебитира за Барселона (ВИДЕО)

Жоао Мендеш, синот на бразилската фудбалска легенда Роналдињо, дебитираше за Барселона, каде неговиот татко ги имаше некои од своите најсилни години.

17-годишниот Мендеш пред неколку недели потпиша договор со „каталонците“. Тој имаше пробен период со тимот во јануари и февруари пред клубот да го оцени како доволно добар за да потпише договор. Мендеш игра како крилен напаѓач и напаѓач.

Синот на Роналдињо дебитираше за Барселона до 19 години на Медитеранскиот куп во Барселона.

Жоао Мендеш во пракса е соиграч со Бугаринот Мартин Георгиев.