Синот на Кристијано Роналдо, Кристијано Јуниор вчера и официјално потпиша договор со Манчестер Јунајтед.
Кристијано Јуниор со години тренира фудбал и првите чекори ги имаше во Реал Мадрид, а претходните години беше член на младинската школа на Јувентус каде играше неговиот татко.
Но, откако Роналдо се пресели во Манчестер Јунајтед, тоа значеше и дека неговиот син повторно ќе го промени фудбалското училиште и сега Кристијано Јуниор официјално стана нов член на клубот од Олд Трафорд.
Јунајтед вчера и официјално потпиша договор со Кристијано Јуниор, кој ќе биде член на младинската школа и реши да го позајми дресот со број седум што како неговиот татко.
На потпишувањето на договорот присуствуваше и Георгина Родригез, која по потпишувањето на договорот позираше со својот најстар син и рече дека е исклучително горда.
„Заедно ги следиме нашите соништа. Мама те сака“, напиша Георгина со неколку фотографии од потпишувањето на договорот.
View this post on Instagram