Џовани Симеоне, син на Диего Симеоне, има голема желба да направи трансфер во Атлетико Мадрид.
Потсетуваме, Џовани во моментов игра за Каљари во кој е на позајмица од Фиорентина. Тој има постигнато 10 голови и четири асистенции оваа сезона.
Претходно беше поврзан со заминување во Атлетико бидејќи неговиот татко е тренер на тој тим, а „ESPN“ уште еднаш ја истакна таа приказна. Младиот Џовани вели дека би сакал да стане член на Атлетико дури и ако неговиот татко не е на клупата.
„Би сакал да, повеќе од било што друго“, рече Џовани на прашањето од новинар дали има желба да игра за Атлетико Мадрид.
„Тоа е затоа што сакав да играм за нив како дете. Татко ми ги тренира, но дури и да не беше таму, сепак би сакал да го направам тој трансфер затоа што тоа го сакав и како дете“, додава тој.
„Сè уште се надевам дека тој (Диего Симеоне) еден ден ќе биде мој тренер, дури и ако е тешко да се потпише за тим трениран од вашиот татко“.
Тој додаде дека за пример го зема Гонзало Игуаин од напаѓачите и дека постојано го следи на теренот кога игра Јувентус.