Неколку мајстори ќе ги пропуштат утрешните натпревари во регуларниот дел од Серија А.
Познато е дека дербито Милан – Јувентус го пропуштија Златан Ибрахимовиќ од една, и Алваро Мората од друга, а потоа пристигна веста за повредата на Един Џеко на тренинг денес.
Иако повредата е од помал карактер, се верува дека Пауло Фонсека нема да остави ништо на случајноста, па така и ќе направи.
И, конечно, Лацио – Фиорентина ќе го пропушти најдобриот напаѓач на Серија А и првото име на римскиот клуб Чиро Имобиле.
Тој денес не тренираше со остатокот од тимот, па можно е да го пропушти утрешниот натпревар, иако не е невозможно сето ова да е само „игра“ на Симеоне Инзаги и желба да го одмори, и да ги измами гостите од Фиренца, но италијанските медиуми уверуваат дека ќе го пропушти натпреварот.