Познатиот италијански фудбалер Николо Заниоло (24) овој август пристигна во Астон Вила, на позајмица од Галатасарај. Некогаш големиот талент на Серија А, кој минатата сезона од Рома замина во Галатасарај, е на нов старт во Премиер лигата и тоа ќе биде голем тест за неговиот талент, но и за неговата физичка подготвеност, откако мораше да помине двe големи операции на многу млада возраст. Заниоло во периодот во кој не играше колку што играше, беше познат и како ѕвезда на таблоидите кои се занимаваа со неговиот приватен живот. И постојано им даваше нов материјал.
Пред три и пол години Заниоло јавно објави дека раскинува со тогашната девојка Сара Скаперота, која во тоа време била бремена. Од нивната врска се роди синот Томазо, а Николо во меѓувреме јавно призна дека е во врска со една од најубавите жени во Италија, Мадалина Генеа. Таа е 12 години постара од него и има ќерка од претходната врска. Таа по раскинувањето со фудбалерот сега е во врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров.
Во меѓувреме, за време на врската на Заниоло со убавицата која е по потекло од Романија, неговата мајка јавно кажала дека е против тие да бидат заедно. „Апсолутно не се согласуваме тој да ја види таа жена, која не е многу помлада од мене. Се обидуваме да дојдеме до него, да го убедиме добро да размисли, но за жал неговата приказна е на насловните страници. Некои велат дека му даваме лош совет, но за ова му кажавме сосема спротивно“, рече таа.

