ФУДБАЛ

Сите бегаат од Манчестер Јунајтед, а тој едвај чека да потпише

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да реализира голем број на трансфери во последните неколку дена од преодниот рок.

Еден од нив доведува уште еден голман, кој би бил замена за моментално недопирливиот Давид де Хеа.

Шпанецот, кој моментално е прв избор на голот на Манчестер Јунајтед, во последно време брани многу променливо, а сега ќе има добра конкуренција.

По долга потрага, Ерик тен Хаг успеа да го договори трансферот на Мартин Дубравка, кој моментално е член на Њукасл.

Дубравка беше прв голман на Њукасл до почетокот на сезоната, но по доаѓањето на Ник Поуп падна во втор план.

Откако слушна за интересот на Манчестер Јунајтед, Дубравка реши да побара од челниците на Њукасл да го пуштат да го напушти клубот.

Хау, како и челниците во Њукасл немаат ништо против неговото заминување, особено што доведоа нова „единица“ пред почетокот на сезоната.

За неговото заминување се уште се преговара бидејќи Манчестер Јунајтед сака договор за позајмица со право на откуп.

Од друга страна, сегашниот клуб од Дубравка размислува само за продажба.

Останува да се види дали двете страни ќе успеат да се договорат до крајот на преодниот рок.