Сеад Колашинац наскоро ќе стане нов играч на Фенербахче.
Колашинац е на излезната врата на Арсенал, кој е подготвен да го ослободи репрезентативецот на БиХ. Преговорите со Фенербахче се во полн ек, а турските новинари тврдат дека сe е веќе договорено.
Се наведува дека Колашинац ќе потпише двегодишен договор со опција за продолжување на соработката за дополнителна година.
Во Истанбул ќе заработи 1,8 милиони евра, што значи дека се откажал од добар дел од платата за да стане нов член на славниот турски тим, за кој игра и неговиот пријател Месут Озил.
Арсенал е подготвен да го ослободи Колашинац без надомест, за да се ослободи од неговите плати, а има намера да го стори истото со некои други играчи на кои Микел Артета повеќе не смета.
Во секој случај, Колашинац ќе отпатува за Турција по епизодата во Шалке, и таму ќе се обиде да ја освои титулата со Фенер.
Трансферот на 28-годишниот дефанзивец во Фенербахче синоќа го објави стручњак за трансфери Фабрицио Романо.
“Разговорите помеѓу Арсенал и Фенербахче за Сеад Колашинац се потврдени. Двата клуба се во контакт, но договорот се уште не е завршен / потпишан. Колашинац е меѓу играчите кои ќе го напуштат Арсенал заедно со Тореиро, Вилијан и Белерино”, изјави Романо. напиша.