Пред два дена сите беа позитивни на коронавирус, сега сите се негативни. Чудни работи се случуваат во младинската репрезентација на Македонија, а уште по чудни со тестовите за коронавирус во Македонија.
„Навистина малку интересна ситуација. Сите фудбалери кои пред два дена имаа позитивен тест на Ковид-19 денеска на повторените тестирања се негативни“ – информираат од ФФМ.
Вчера ТВ21, објави дека едно лице за 72 часа добил еден позитивен и два негативни тестови.
Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека сите лаборатории се акредитирани и дека тестовите се целосно веродостојни.
Натпреварот меѓу репрезентациите до 21 година на Македонија и Црна Гора се игра во вторник (17. ноември) од 13:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.