Во последните месеци се појавија интензивни шпекулации дека „скапоцениот камен“ на Манчестер Јунајтед, 20-годишниот Тахит Чонг ќе продолжи во Серија А, во Интер.
Интер, наводно, работи на овој трансфер со месеци, убедувајќи го Чонг и неговиот менаџер да не прифатат нов договор од Манчестер Јунајтед.
За младиот крилен играч, се шпекулираше, дека сакаше да го напушти Јунајтед на крајот од неговиот договор (30 јуни оваа година) и да бара среќа во друг клуб затоа што „црвените ѓаволи“ сè уште не му дадоа вистинска шанса.
Меѓутоа, ако се верува на најновите информации, сите напори на Нероаѕурите за да го обезбедат потписот на Тахит Чонг, паѓаат во вода.
Поточно, „Дејли мејл“ сега тврди дека Чонг ќе продолжи да работи со Манчестер Јунајтед и да потпише нов договор со кој ќе му гарантира 30.000 фунти месечно.
Ваквите информации доаѓаат само 10 дена по шпекулациите дека Чонг всушност постигнал принципиелен договор со Интер и дека ќе потпише договор вреден два милиони евра по сезона со Нероаѕурите.
Што е точно, веројатно нема да знаеме додека не пристигне официјалното објавување на потпишувањето од еден од споменатите клубови.