Натпреварот на денот дефинитивно ќе биде оној меѓу Севиља и Барселона.
Двата тима вечерва ќе се сретнат на стадионот Рамон Санчез Писхуан во преостанатиот натпревар од 4.коло на шпанската Примера.
Бурната Севиља која пред некој ден ја совлада и Атлетико Мадрид ќе имаат голем мотив да го искористат киксот на Реал Мадрид и со победа против разнишаната Барселона да му се приближат на првопласираниот Реал на само три бода заостанување и сериозно да се вклучат во борбата за титулата.
Не се сомневаме дека навивачите на Реал Мадрид вечерва ќе навиваат за својот лут ривал чија победа дефинитивно би била изненадување.
Барселона е на осмото место со 27 бодови, но имаат и многу убава пресметка. Победа ќе им донесе израмнување со Рајо Ваљекано на четвртата позиција со 30 бода.
Двата тима се осакатени од повреди.
Кај Севилја нема да настапат повредените Акуна, Ламела, Монтиел, Навас, Сусо и херојот од дуелот со Атлетико Лукас Окампос, кој доживеа потрес на мозокот на крајот од мечот.
Што се однесува до Барселона, Чави ќе ги нема на располагање Брејтвајт, Демир, Депај, Дест, Фати, Педри, Роберт и Ваг.
Натпреварите се закажани за 21 часот и 30 минути.