Според англиските медиуми, Њукасл го договорил првиот трансфер во 2022 година.
Њукасл е култен англиски клуб кој ги доби најбогатите сопственици во светот и се подготвува за голем шопинг со цел да избегне испаѓање оваа сезона.
Првото засилување ќе биде Киеран Трипие, кој доаѓа од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Англија го пропушти денешниот тренинг во Мадрид, а новинарот Фабрицио Романо тврди дека работата треба да се заврши во следните неколку часа.
Њукасл се очекува да му плати на Атлетико околу 25 милиони фунти обештетување.
Иако Атлетико ја одби првичната понуда на Њукасл за Трипие, тренерот Диего Симеоне на крајот се согласи фудбалерот да се врати во Англија каде што играше за Тотенхем.
„Сакаме тој да остане, тој е важен играч, но денес, кога некој играч сака да замине, не можете да го натерате да остане. Не можете да ги задржите“, одговори тренерот Симеоне на прашањето дали Трипие заминува.
Иако Трипие во неделата го започна мечот против Рајо Ваљекано, сепак на крајот се чинеше дека се збогуваше со публиката и беше последниот играч кој го напушти теренот.