Сите странци на Јувентус ќе се вратат или се вратиле во Торино во планираниот термин, но не и Гонзало Игуаин.
Бројни фудбалери на Јувентус, меѓу кои и најголемата sвезда Кристијано Роналдо, пристигнаа во Италија минатата недела по неколкунеделното отсуство. Двајца беа отсутни – Адриен Рабиот и Гонзало Игуаин.
Рабиот денеска ќе се врати, додека враќањето на Игуаин е продолжено уште неколку дена, како што наведува „Тутоспорт“, од лични причини.
Искусниот напаѓач е во Аргентина, каде што се грижи за својата болна мајка со остатокот од семејството, а очигледно е тешко за него да се раздели од личноста која е најзаслужна зошто овој 32-годишник игра фудбал.
Сепак, дури и кога ќе се врати во Торино, сосема е јасно дека ова е последната сезона на Игуин во Јувентус. Минатото лето тој доброволно остана во редовите на Бјанконерите, додека е тешко и овој пат да се верува во истото сценарио.