Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека сите спортски натпревари во земјата ќе се одржуваат од 28 декември без присуство на гледачи поради ширењето на омикрон сојот на коронавирус.
„Меѓурегионалните големи настани повеќе нема да можат да се одржуваат во присуство на гледачи“, рече Шолц , додавајќи:
Ова особено важи за фудбалските натпревари. “
Првенството во германската фудбалска лига продолжува на 7 јануари, а Оберсдорф ќе биде домаќин на натпреварувањето во рамките на „Тур де ски“ на 31 декември и 1 јануари.
Трките во Светскиот куп во биатлон ќе се одржат од 6 до 9 јануари и од 12 до 16 јануари во Оберхоф и Руполдинг.
Германските власти исто така го ограничија бројот на луѓе на приватни забави на десет и затворија ноќни клубови.
„ Ова не е време за забави и пријатни вечери со многу луѓе “, рече Шолц .