ФУДБАЛ

Сите зборуваат за сезоната на Ван Дајк и Видиќ, но трет играч имаше подобра сезона од нив двата

Вирџил ван Дајк имаше одлична сезона зад него во Ливерпул и беше избран за најдобар играч во Премиер Лигата по избор на професионална фудбалска асоцијација.

Холанѓанецот беше еден од клучните играчи на Ливерпул во оваа сезона, а многу од неговите одлични натпревари беа споредувани со оние на Немања Видиќ во сезоната 2008/2009.

Сепак, уште еден играч треба да се запомни кога се гледа статистиката. Поранешниот играч на Ипсвич, Њукасл, Виган и Сандерленд, Тајтус Брамбл имаше одлична сезона во Премиер лигата кога настапуваше за Виган.

Статистичките параметри покажуваат дека Брамбл во сезоната 2008/2009 беше подобар од Немања Видиќ и Вирџил Ван Дајк.

Во повеќето од овие параметри, Брамбл беше подобар од двајцата играчи, па затоа не треба да го заборават неговото име.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига