ФУДБАЛ

Сити денес постави шест нови рекорди во Премиер Лигата

Фидбалерите на Манчестер Сити денеска гостуваа кај Саутемптон, и славеа со резултат од 0:1, а победничкиот гол и голот за нови рекорди го постигна Габриел Хесус во последната минута од натпреварот, 90+.

Со оваа победа Манчестер Сити постави нови рекорди во Премиер лигата:

  1. Освоена титула со најголема бодовна разлика од 19 бода
  2. Најмногу освоени поени во една сезона, Сити го постави рекордот со 100 освоени поени
  3. Најдобра гол разлика од 79 гола
  4. Најмногу гостински победи, 16 победи
  5. Најмногу победи во една сезона, 32 победи
  6. Најмногу поени освоени на гостински терен, оваа сезона Сити освои 50 поени на гостински терен.

Оваа сезона ќе биде за паметење не само за играчите на Манчестер Сити, туку и за играчите во цела Премиер Лига.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига