Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Фил Фоден ќе потпише нов, шестгодишен договор со „Граѓаните“.
Суперталентираниот Англичанец (21) порасна на „Етихад“. Минатата сезона, тој постигна целосна афирмација со Пеп Гвардиола, и продолжи со добри изданија и во оваа, со два гола и две асистенции на шест натпревари.
Иако неговиот сегашен договор истекува на летото 2024 година, Сити не сака да ризикува со ништо, па затоа подготви соработка за него до 2027 година.
Се разбира, Фоден ќе добие многу подобри финансиски услови. Иако нема точни информации, тој треба да биде меѓу најдобро платените млади играчи во светот.