ФУДБАЛ

Сити ја претстави статуата на Агуеро, Крос ги посрамоти граѓаните

Серхио Агуеро, кој веќе неколку месеци е во пензија, важи за најдобриот играч во историјата на Манчестер Сити.

Агуеро десет години го носеше дресот на Граѓаните. На крајот постигна 260 гола, од кои 184 во Премиер лигата и е најдобар странски стрелец на тоа натпреварување.

Аргентинецот постигна голем број одлични голови, но засекогаш ќе остане запаметен по познатиот гол од крајот на сезоната 2011/12 кога постигна гол во судиското надополнување за титулата.

 

Токму поради оваа причина Сити ја откри статуата на Агуеро пред стадионот Етихад десет години по познатиот гол.

 

Така некогаш одличниот напаѓач се приклучи на списокот на поранешни соиграчи кои исто така имаат свои статуи пред „Етихад“. Тоа се Винсент Компани и Давид Силва.

Сепак, статуата на Агуеро предизвика контроверзии, пред се затоа што неговата статуа силно наликува на Тони Крос од Реал Мадрид.

 

Сличноста го натера германскиот играч за врска преку социјалните мрежи на некој начин да ги посрамоти граѓаните.

 

Кога беше објавена фотографијата на Агуеро како стои пред статуата, Крос цитираше една од објавите прашувајќи дали се сигурни дека тоа е Агуеро.

Кога ќе погледнете подетално, сличноста меѓу Крос и статуата на Агуеро е навистина огромна. Доколку Германецот дојде во Манчестер, големи се шансите да ја искористи можноста да се фотографира пред статуата посветена на големиот Аргентинец.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига