ФУДБАЛ

Сити ќе ја пречека Борусија во Будимпешта

Рестрикциите за патување во Велика Британија е причината за одлуката да се игра на неутрален терен. Манчестер сити ќе ја пречека Борусија Менхенгладбах како домаќин во Будимпешта на „Пушкаш Арената“ во рамки на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампиони.

„УЕФА им се заблагодарува на Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах за поддршката и соработката, како и на Унгарската фудбалска федерација за помошта во договорот за локацијата каде ќе се одржи натпреварот“, објави УЕФА.

Фудбалскиот сојуз на Унгарија излезе во пресрет на екипите и за тоа доби посебна благодарница од страна на УЕФА.

Рестрикциите за патување во Велика Британија е причината за одлуката да се игра на неутрален терен.