ФУДБАЛ

Сити на прво место – Колку пари потрошија клубовите за засилување од 2008 година?

Манчестер Сити е познат по трошење огромни пари за носење нови засилувања со цел да стане еден од најдобрите тимови во Европа.

Пред десет години, Сити беше просечен англиски клуб, но потоа богатите Арапи го презедоа клубот, по што сè се смени од теренот. Манчестер Сити почна да доминира во Англија, но трофејот на Лигата на шампионите се уште е незамислив.

Од 2008 година, „граѓаните“ потрошија неверојатен износ на пари за фудбалери. Неверојатно е што тие двапати повеќе имаат потрошено од Реал Мадрид и Барселона што доминираа во Европа во изминатите десет години.

Според информациите од „Transfermarkt“, Манчестер Сити потрошил неверојатни 1,2 милијарди фунти од 2008 година.

На второто место е ПСЖ, кој потроши 821,6 милиони фунти, pa Манчестер Јунајтед со 721,1 милиони фунти. Барселона и Реал потрошија речиси идентична сума. Барса 658,48 а Реал Мадрид 658,30 милиони фунти.