ФУДБАЛ

Сити нема да носи нови играчи во јануари

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола кажа дека клубот нема да носи нови играчи во јануари.

Во текот на летото Сити донесе само едно звучно засилување, Ријад Марез од Лестер, а многумина очекуваа дека во јануари поради повредата на Менди ќе донесат ново засилување- но Гвардиола на позицијата лев бек че ги користи Делф и Зинченко.

„Не, не, нема да потрошиме ништо. Јас сум задоволен од сегашниот тим, некои играчи ќе вратат кај нас, така да нема да носиме нови“, рече Гвардиола.

Сити се наоѓа на првото место во Премиер лигата со 32 поени, а во сабота од 16:00 ќе гостува кај Вест Хем во Лондон.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига