Управата на Манчестер Сити е подготвена целиот буџет да го вложи за трансфер во Париз.
Чудесното дете Килијан Мбапе, покажа дека во моментов е најголемиот фудбалски просперитет и поради тоа сите го сакаат, а оној кој ќе го добие Мбапе ќе добие голема и успешна иднина.
Сите гиганти се вклучени во следењето на Мбапе, но според денешните информации од Островот, богатите сопственици на Сити сакаат да го срушат рекордот и на ПСЖ да му понудат 290 милиони фунти за Французинот.
Извештаите велат дека Сити за 19-годишниот тинејџер е подготвен да плати „100% од својот буџет за следната сезона“. Сумата која е спомената е навистина преголема, но како што се одвиваат работите на фудбалскиот пазар, тоа и не е чудно.
Граѓаните се познати како големи потрошувачи во изминатите неколку години, а купувањето на Мбапе за 290 милиони ќе биде вистински „бум“ во светот на фудбалот.