ФУДБАЛ

Сити повторно на врвот во Премиер лигата

Манчестер Сити стигна до нова победа во деветтото коло од англиската Премиер лига.

Тимот на Пеп Гвардиол го порази Барнли со 5:0, а стрелци беа Агуеро во 17. минута, Бернардо Силва 54. минута, Фернандињо 56. минута, Махрез 83. минута и Сане 90. минута.

По ремито на Челзи и Јунајтед, Сити со 23 поени е на водечката позиција, но Ливерпу се заканува, кој во 18:30 ќе му гостува на Хадерсфилд.

Асмир Беговиќ ја спаси мрежата на Борнемут во натпреварот против Саутемптон (0:0).

Тотенхем славеше со 1:0 во Вест Хем, а голот беше постигнат од Ламела во 44. минута. Со истиот резултати Брајтон триумфираше во Њукасл со голот на Каја во 29. минута, додека Ватфорд со 2:0 триумфираше во Вулверхемптон, со головите на Етиен Капу во 20. минута и Роберто Переира во 21. минута.

Најефективен беше натпреварот помеѓу Кардиф и Фулам, во кој домаќинот славеше со 4:2, а головите ги постигнаа Марфи во 15. минута, Рид 20. минута, Патерсон 65. минута и Харис 87. минута ја затресе мрежата на Фулам, а за гостите головите беа постигната од Шурле во 11. минута и Сесењон во 34. минута.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига