ФУДБАЛ

Сити се подготвува за живот без Гвардиола

Пеп Гвардиола би можел да ја напушти клупата на Манчестер Сити на крајот на сезоната.

Ова е четврта сезона за шпанскиот стручњак на клупата на Сити. Познато е дека тој не престојуваше никаде повеќе од четири години, па затоа веќе се шират шпекулации за неговото заминување.

„Мирор“ пишува дека сопствениците на Сити веќе полека се подготвуваат за заминување на Гвардиола. Иако е обврзан со договор до 2021 година, неговото заминување од клупата може да се случи уште следното лето и раководството на англискиот шампион сега бара кандидати за преземање на клубот.

Интервјуата со кандидатите, наводно, се веќе во тек. Сепак, ништо нема да биде објавено до летото за да се спречи неред во соблекувалната, за што сигурно не им треба, особено кога се знае дека Сити игра малку пострашна сезона од претходните.

Тимот е 14 бода зад Ливерпул во Премиер лигата. Тешко е да се поверува дека тие можат да направат премногу во ЛШ.

Сепак, името на Сити сè уште не испишано на трофејот од Лигата на шампионите, и ако тоа не се случи оваа сезона, шпански стручњак веројатно ќе го напушти клубот.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига