Манчестер Сити од 21 часот на „Етихад“ ќе го пречека Лидс во 21. коло од англиската Премиер лига.
Сити е апсолутен фаворит и лидерот на табелата сигурно посакува нова победа за да биде цврсто на првото место, но момците на Гвардиола ќе имаат друг мотив пред овој дуел.
Имено, Сити има можност да го израмни рекордот на Ливерпул по бројот на првенствени победи во една календарска година. Ливерпул забележа 33 победи во Премиер лигата во 1982 година, Сити на Гвардиола е на 32.
Доколку вечерва ја оправда улогата на фаворит и ја оствари победата, Сити ќе се израмни со црвените, но има уште три натпревари до крајот на годината и може да го подобри тој учинок.
Граѓаните ќе играат против Њукасл, потоа дуел на домашен терен со Личестер и во последниот меч во 2021 година ќе играат против Брентфорд.