ФУДБАЛ

Ситуацијата на Јовиќ нагло се промени

Денеска шпански АС носи информација дека српскиот напаѓач Лука Јовиќ би можел да остане во Реал Мадрид до лето.

Јовиќ не играше многу во Реал, повеќе е на клупата, а имаше и проблеми со повреди.

Враќањето во Германија станува се поважно, но АС тврди дека ситуацијата се променила во последниот месец.

Јовиќ сериозно се наметна и сакаат да го задржат зимава и да има поголема минутажа.

Тој има договор до 2025 година и сигурно ќе биде во Мадрид до лето, а потоа е можен трансфер.

Јовиќ во Реал пристигна од Франкфурт за 60 милиони евра, а неговата моментална цена е 20 милиони евра.

Тој одигра 13 настапи оваа сезона и додаде еден гол и две асистенции.