ФУДБАЛ

Скај Спорт: Адам Траоре ќе направи шокантен трансфер во јануари

Адам Траоре, еден од најбрзите и сигурно најсилните фудбалери во Премиер лигата, треба да го смени клубот во јануари.

Така барем тврди „Скај Спорт“, но тоа е неверојатен избор на клуб каде Траоре наводно ќе ја продолжи кариерата.

Иако беше баран од многу великани во последните неколку преодни, Траоре ќе ја продолжи кариерата во Лидс од јануари, според Скај Спорт.

Тој беше близу до потпишување на нов договор со тимот на Вулверхемптон, но сето тоа пропадна, и нема ништо од продолжување на соработката.

Останува да видиме дали Лидс навистина ќе биде новиот клуб на Адам Траоре или ќе биде некој друг тим.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига