Англиските медиуми денес пренесуваат дека Санчо сигурно ќе ја напушти Борусија Дортмунд на крајот на оваа сезона.
Санчо пристигна во германскиот клуб летото 2017 година од Манчестер Сити и се покажа како полн погодок. Овој 19-годишник ги воодушеви многумина од своите игри за Дортмунд и брзо беше на мета на многу европски великани.
Тој досега има одиграно 29 натпревари за германскиот тим и има постигнато дури 15 асистенции со 15 гола. Санчо има договор до летото 2022 година, но веќе има шпекулации дека тој сигурно ќе го напушти Дортмунд на крајот на оваа сезона.
„Скај Спортс“ објави дека Санчо ги известил челниците на клубот дека го напушта тимот на крајот на сезоната и дека сака да се врати во Англија.
Наводно, Санчо договорил сè со Манчестер Јунајтед и останува клубовите да се договорат за висината на обештетувањето. Но, сигурно е дека Дортмунд ќе заработи минимум 90 милиони евра од евентуалната продажба на овој играч.
Ќе биде одлична работа за германскиот клуб, со оглед дека тие го платија скоро осум милиони евра, пред скоро три години.