Капитенот на Аргентина, Лионел Меси ќе се врати во националниот тим наскоро откако беше суспендиран во ноември, инсистира тренерот Скалони.
Меси беше суспендиран на три месеци, откако го обвини раководното тело на јужноамериканскиот фудбал, КОНМЕБОЛ, за корупција за време на Копа на Америка.
Откако во јули му беше досуден црвен картон во победата за третото место на Аргентина над Чиле во јули, Меси не го доби медалот за третото место и подоцна објасни дека не сака да биде дел од, како што рече, оваа корупција и непочитување на Копа на Америка.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ ги критикуваше и судиите, по поразот на Аргентина од Бразил во полуфиналето, а потоа посочи дека судиите и ВАР ќе го фаворизираат Бразил во финалето. Бразил со победа од 3:1. против Перу ја освои титулата на Копа Америка.
Меси го промаши пријателскиот натпревар на Аргентина против Чиле, Мексико и Германија и ќе го пропушти натпреварот в недела против Еквадор, но ќе се врати следниот месец.
На прашањето за Меси, Скалони рече:
„Тој не е тука поради суспензијата. Секако тој ќе биде со нас следниот месец“.