Белгискиот голман Тибо Куртоа ги напушти тренинзите на фудбалската репрезентација во пресрет на квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 година, а локалните медиуми објавија дека бил лут бидејќи не бил капитен на претходниот натпревар.
Фудбалскиот сојуз на Белгија денеска за Асошиетед прес потврди дека Куртоа го напуштил тренинг кампот и ќе го пропушти натпреварот против Естонија во вторник, но не ги наведе причините за неговото заминување.
Белгиските медиуми објавија дека Куртоа, кој бранеше во саботата на мечот со Австрија (1:1), бил разочаран од одлуката на тренерот Доменико Тедеско на тој натпревар напаѓачот Ромелу Лукаку да ја носи капитенската лента.
Капитен како и досега требаше да биде Кевин Де Брујн, но тој го пропушти натпреварот поради повреда.
Медиумите објавија дека Куртоа, кој одигра 102 натпревари за националниот тим, бил вознемирен од одлуката и не се појавил на собирот на играчите на подготовките за натпреварот против Естонија.
Селекторот на Белгија во саботата изјави дека ќе дојде ред да ја носи капитенската лента на натпреварот против Естонија на Курту.
Се очекува против Естонија да брани голманот на Стразбур, Мак Селс.
Во квалификациската група Ф, Белгија е втора на табелата со четири бода од два натпревари, додека Австрија е прва со меч повеќе и три бода повеќе.
Шведска има три, а Естонија и Азербејџан по еден.
