ФУДБАЛ

Скандал во европскиот фудбал: Шест клуба пред санкции, им се заканува исфрлање во понизок ранг!

Скандалот го тресе белгискиот фудбал, а во се се вмешани великаните на белгискиот фудбал.

Според ДеМОрген, Гент, Генк, Шарлроа, Стандард, КВ Кортријк и Клуб Бриж би можеле да ја загубат лиценцата за настап во Јупилер лигата и да им се заканува испаѓање во белгискиот фудбал, а некои екипи да испаднат во најнизок ранг, па затоа треба да започнат повторно од петта лига.

Во Белгија се одвива „Операција нула“, каде се спроведуваат акции против корупцијата и криминалот во спортот, а ќе бидат сослушани стотина осомничени.

Според правилата на Фудбалскиот сојуз на Белгија, доколку некој поединец биде обвинет за корупција и криминал во фудбалот, неговиот клуб автоматски би добил казна со исклучување, односно доколку се работи за претседателот, директорот или некој од членовите на управниот одбор на клубот.

Споменатиот медиум објави и дел од имињата на осомничените кои се тесно поврзани со фудбалот и тоа: Барт Верхее и Винсент Манаерт (Клуб Бриж), Мехди Бајат (Шарлроа), Мишел Луваги (АА Гент) и Бруно Венанци (Стандард). Автоматски и нивните клубови ми воведоа санкции, па следниот период во Белгија ќе биде под голема лупа.

Доколку бидат осудени, тие ќе бидат отстранети од фудбалот најмалку три години и ќе им биде забрането да вршат каква било работа поврзана со спортот.

Наводно, под лупа се 57 лица кои се во белгискиот фудбал, а прсти биле во незаконски активности.

Во целиот случај беа инволвирани повеќе судии, а се сомнева дека местење натпревари, работа со обложувалници, како и можноста судиите да добивале пари за да судат натпревари по нечија наредба, но се уште не се знае дали тоа се случило во најсилната белгиска фудбалска Јупилер лига.

Во наредните денови ќе се знаат повеќе детали за целиот случај кој добро ја потресе Белгија.