Обвинителството во Франција отвори истрага против фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, поради обвинувања за силување.
Истрагата беше доверена на специјален оддел на француската полиција на територијата на Булоњ-Биланкур, каде што играчот престојува.
Мароканскиот фудбалер беше обвинет за силување од 24-годишна девојка, која изјавила дека се се случило во неговата куќа на крајот на овој месец.
Дефанзивниот 24-годишен фудбалер е член на ПСЖ од 2021 година, кога дојде од милански Интер.
Le Parisien пишува дека неименуваната девојка отишла во полициска станица и го обвинила Ашраф Хакими за силување претходниот викенд, додека сопругата и децата на мароканскиот репрезентативец биле во Дубаи.
Полицијата отворила истрага, а се дознава и дека Хакими и неименуваната девојка контактирале на 16 јануари.
