ФУДБАЛ

Скандал во Франција, на тренерот на ПСЖ му пукна филмот, тргна да се тепа со навивачите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија Олимпик од Марсеј со 3:0 во 25. коло од француската Лига 1.

Најголемото дерби на францускиот фудбал го одбележаа феноменалните Килијан Мбапе (два гола и една асистенција) и Лионел Меси (еден гол и две асистенции), но и голем инцидент во кој беше вклучен Кристоф Галтие, тренерот на ПСЖ.

Галтје во еден момент влезе во жестока расправија со навивачите кои седеа зад клупата на гостинскиот тим, а со присуство на обезбедувањето и соработниците на Галтје беше спречен посериозен инцидент.