Истрагата покажала дека станува збор за добро разработен бизнис модел, а главна улога во се имала Дебора де Рончи. На клиентите им се нуделе излегувања во елитни клубови во Милано, а потоа престој во луксузни хотели со дополнителни услуги. Посебно се издвојувала услугата по натпревари, наменета за спортисти, меѓу кои имало и фудбалери од Серија А, се спомнуваат фудбалери на Милан и Интер.
Но, во аферата не биле вмешани само фудбалери.
„Имам еден пријател, возач во Формула 1… Вечерва доаѓа во Милано, сака девојка“, се слуша во прислушуван разговор, пренесува Gazzetta.
Вкупниот промет на организацијата се проценува на повеќе од 1,2 милиони евра, а во судските документи се споменуваат најмалку 50 влијателни клиенти. Во бизнисот, покрај професионални ескорт-девојки, биле вклучени и помлади девојки.
„Жени, вкупно десетина, и Италијанки и странки, на возраст од 18 до 30 години, кои добивале 50% од профитот, наводно престојувале во седиштето на компанијата во Cinisello Balsamo, а истиот бизнис го воделе и на Миконос“, наведува Gazzetta.
Четворица главни осомничени се соочуваат со сериозни обвиненија, од поттикнување и експлоатација на проституција до перење пари и здружување во криминална организација.