ПСЖ е полн со ѕвезди, но се чини дека атмосферата во тимот е катастрофална, барем така тврди француски Л’Екип.
Според весникот, меѓу играчите на ПСЖ има многу несогласувања, а кавгите меѓу нив се чести уште од летото.
Прво имаше ривалство помеѓу Кејлор Навас и дојдениот голман Џанлуиџи Донарума. Маурицио Покетио беше задоволен од Костариканецот и во ниту еден момент не инсистираше на Италијанецот, но Мино Раиола побара од клубот почесто да ги брани неговите штитеници.
Еден од најголемите проблеми во соблекувалната на ПСЖ е тоа што некои ѕвезди имаат големи привилегии и се се врти околу нив.
На еден од неодамнешните утрински тренинзи, двајца јужноамерикански играчи се појавија во базата на клубот видно уморни по забава синоќа. Тие одбија да тренираат без да чекаат дозвола од стручниот штаб бидејќи тој ден не им требаше.
Уште една забава која се споменува е онаа што ја приреди Меси по повод освојувањето на Златната топка. Следниот ден напаѓачот и Леандро Паредес не тренираа поради симптоми на гастроентеритис. Ова изнервира многу играчи кои исто така присуствуваа на прославата. Тие побараа засилена контрола од Покетино и Леонардo.
Последниот случај кој предизвика незадоволство кај играчите е поврзан со Мауро Икарди. Аргентинецот доби три слободни дена во октомври за да отпатува во Италија и да ги реши личните проблеми со партнерката Ванда Нара. Тоа не им се допадна на неговите соиграчи.
https://youtu.be/HZNtNuVa_tg
Многумина предупредуваа на овие проблеми бидејќи евидентно е дека е тешко да се контролира мирот во соблекувалната каде има десетици големи ѕвезди …