Многу прашина во шпанската јавност се крена по вчерашниот натпревар помеѓу Атлетик Билбао и Реал Мадрид.
Кралскиот клуб успеа да дојде до победа со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Серхио Рамос од пенал. Но, само неколку минути подоцна се чинеше дека и Билбао требаше да добие пенал, но никој од собата на ВАР не одговори.
Ова крена многу прашина особено кај навивачите на Барселона кои тврдат дека судиите му помагаат на Реал Мадрид да стане шампион на Шпанија. На крајот на краиштата, првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, проговори и откри неколку интересни работи.
Тебас рече дека сè се сменило во јануари кога Флорентино Перез го повика Луис Рубиалес да се жали на судењето.
„Продолжувам да повторувам дека сè за ВАР во Шпанија се смени откако Флорентино Перез во јануари лично го повика Луис Рубиалес да се пожали на судењето. Тој го стори тоа по 20 минути после деден натпревар на Реал во Јануари. Според мене тоа ескандалозно, недопуштено и несоодветно однесување и директен притисок врз судиите и судењето. Тој повик измени сè, создаде непотребен притисок и несогласување меѓу судиите во просторијата ВАР и главниот судија на теренот“, рече Тебас, додавајќи.
„Она што го сакаме е борбата за Ла Лига да биде отворена, за да не се случи доминација во смисла дека еден тим освои 90 бода во една сезона. Сакаме сите и да губат и да победуваат и да ремизираат. Таков е случајот во оваа сезона“.