ФУДБАЛ

Скандалозно видео на младиот фудбалер на Рома: „Мурињо, вечерва ќе шмркаме“ (ВИДЕО)

Младиот фудбалер на Рома, Никола Залевски (19) се појави во скандалозно видео упатено до Жeозе Мурињо.

19-годишникот се појави на видеото со италијанскиот рапер Зеп Дембо кој испрати порака до жозе Мурињо.

„Да ви кажам право, овој човек вечерва ќе шмрка“, извика раперот и продолжи:

“Мурињо, вечерва ќе шмркаме. Ќе го направиме тоа”, рече Дембо додека младиот фудбалер се смееше покрај него.

https://twitter.com/i/status/1446430601414955020

Видеото набрзо беше избришано од Инстаграм профилот на италијанскиот рапер, но веќе е пронајдено на други мрежи.

Се уште не е познато дали Залевски разбрал што зборува неговиот пријател, но може да биде казнет за овој испад.

Залевски неодамна беше во центарот на вниманието откако го загуби својот татко и плачеше на крајот од натпреварот против Лацио.