ФУДБАЛ

Скокна во каналот славејќи ја победата на својот тим, а тие примиле гол во последна секунда

Навивачите во Англија веројатно нема да можат долго да одат на стадионите, но натпреварите ги следат дома.

Сепак, поединци маклу повеќе претеруваат, како што беше потврдено од навивачот на Нотингем Форест, кој одлучи да ја прослави „победата“ на неговиот тим со скокање во каналот.

Тој славеше „победа“ против големиот локален ривал Дерби Каунти, но кога полицијата го извади од водата, тој имаше што да чуе.

Форест прими гол за 1:1 во 97-та минута од натпреварот, па неговото славење беше залудно.

Неверојатно…