Дел од навивачите велат дека на ваква атмосфера се сеќаваат кога во Скопје се одржуваше Супер купот кога играа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Скопје живна вечерва, сите патишта водеа кон арената „Тодор Проески“ каде од 20.45 започна натпреварот меѓу нашата македонската фудбалска репрезентација и како гости репрезентацијата од Италија.
Според првичните информации над 20 илјади публика вечерва има на арената што е одлична бројка доколку правиме спореба со останатите натпревари.
Италијанците не се сами, голем број на навивачи има присутни на арената.
