ФУДБАЛ

Скршениот Меси си ја отвори душата и призна: „Плачев и се прашував што правам овде“

Лионел Меси летово не можеше да го продолжи договорот со Барселона и како слободен играч пристигна во ПСЖ.

Таму не се снајде баш најдобро и во првата сезона одигра 34 натпревари, постигна 11 гола и додаде 14 асистенции во сите натпреварувања.

Во Лигата на шампионите, ПСЖ загуби од Реал Мадрид во осминафиналето, но успеа повторно да стане француски шампион.

Меси на еден натпревар го доживеа и свирежот на навивачите на ПСЖ, веднаш по испаѓањето од Реал, а сега конечно си ја отвори душата и призна се што му е при срце.

„Во Париз, кога навивачите ме исвиркаа, си помислив: „Што ќе мислат моите деца?“ Меси додаде:

„Првиот ден кога децата тргнаа на училиште, плачевме заедно со жена ми. Помисливме: „Што правиме овде? Што ни се случи „Тоа беше голема промена и тешка година“.

„Кога си цел живот на едно место, особено на мои години, не е воопшто лесно“, заклучи Меси.

Седумкратниот освојувач на Златната топка има договор со ПСЖ до крајот на следната сезона, а веќе се споменува неговото враќање во Барселона, како и неговото заминување во МЛС, поточно во тимот на Интер Мајами.