ФУДБАЛ

„Sky“: Челзи ги одби понудите на Барса и Атлетико за Вилијан

Бразилецот Вилијан има договор со Челзи до следното лето.

Иако влезе во последната година од договорот, Челзи не сака да се откаже од Вилијан толку лесно, особено сега кога Еден Азар отиде во Реал Мадрид.

Барселона долго време го следи Вилијан, а сега и Атлетико, исто така, му се придружи.

„Sky Sports“ тврди дека Барселона испрати понуда од 40 милиони евра, исто како и Атлетико, но од Лондон добија експресен одговор.

Челзи ризикува, може Вилијан да го изгуби бесплатно на крајот на следната сезона, но поради некоја причина англискиот клуб не го пушта.

Вилијан беше донесен за 35 милиони евра пред шест години, а во дресот на Челзи постигна 92 гола со 124 асистенции.