ФУДБАЛ

Слободен удар скоро од центарот, па „бомба“ – два фантастични гола на фудбалерот на Беневенто (ВИДЕО)

Беневенто има за цел промоција во Серија А. Синоќа екипата предводена од Пипо Инзаги запиша нова победа во Серија Б.

На стадионот „Чиро Вигорито“, „настрада“ Трапани. Беневенто ја прослави победата со резултат 5:0, а Бенито Николас Виола имаше незаборавна ноќ.

30-годишниот играч постигна хет-трик и неговите два гола од финишот на натпреварот беа особено ефикасни.

Во 82 минута од средбата, ги фати и одбраната и голманот на гостинската екипа на спиење, а со лоб шут погоди скоро од центарот.

Седум минути подоцна, Николас Виола ги постави и конечните 5-0 со бомба со долг дострел.

Николас Виола постигна гол и во 32 минута.

Беневенто е лидер во Серија Б со 34 бода, 12 поени повеќе.

ПОВРЗАНО

Серија А