ДРУГИ СПОРТОВИ

Случајно или не, Ѓоковиќ ја реши дилемата дали ќе игра на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ деновиве тренира во Мајорка каде влегува во форма за новата сезона.

Во последните неколку недели имаше многу контроверзии околу тоа дали Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен, бидејќи никогаш јавно не кажа дали е вакциниран против коронавирусот или не.

Како што е познато, организаторот на првиот турнир во сезоната воведе строго правило според кое право на настап имаат само вакцинирани тенисери.

Сепак, многу е сигурно дека Ноле би можел да настапи во Мелбурн иако има уште многу малку време.

Имено, по еден од тренинзите на Мајорка, девојчето му посака среќа на српскиот тенисер на Австралија Опен, на што тој одговори:

„Благодарам многу.“

https://twitter.com/Slavica_NoleFam/status/1477718908379484163

Дали се работи за учтивост или признание дека чека да ја одбрани титулата во Мелбурн, ќе дознаеме во наредните денови.

Инаку, Австралија опен започнува на 17 јануари, а еден од начините да се стекне со право на настап е и медицинско ослободување од вакцината. Можеби токму тоа е можниот настап на Ѓоковиќ.