Интересен детал од првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Без победник, нерешено 1:1 заврши дуелот помеѓу Реал и Сити во Мадрид.
Во гостинскиот тим особено потфрли првиот стрелец Ерлинг Халанд, кој годинава постигна 51 гол на 47 официјални натпревари за Граѓаните. Одбраната на домаќинот, особено Антонио Ридигер , со помош на Давид Алаба одлично се снајде.
Тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти, исто така, ја пофали дефанзивната игра на Ридигер по натпреварот. Германскиот интернационалец, по потекло од Сиера Леоне, внимателно го следеше Халанд, буквално не го пушташе да дише, што може да се види од ова видео кое насмеа некои луѓе и ги убеди сите во неговата посветеност на задачата.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) May 10, 2023
Најважно за Реал беше што Халанд беше запрен. Тоа го потврдуваат и статистичките податоци дека Норвежанецот имал само 21 допир со топката на мечот во Мадрид.
Ќе видиме како ќе им оди на реваншот за една недела, на 17 мај во Манчестер.
Erling Haaland had less touches (21) than Ederson (29) against Real Madrid.
What a performance by the Real Madrid backline 😦 pic.twitter.com/P0P7DecDwY
— ESPN FC (@ESPNFC) May 9, 2023
