ФУДБАЛ

Смолинг изрази желба да остане во Рома

Крис Смолинг нема намера да се врати во Јунајтед, тој изрази желба, да остане во римскиот клуб.

Како што пишува „Кориере дело спорт“, централниот дефанзивец, кој е на позајмица на „Олимпико“ од Манчестер Јунајтед, ги уверил шефовите на „волците“ дека сака да остане во Италија.

Двата клуба се во напредни преговори и голема е веројатноста Англичанецот да го продолжи престојот кај „Римјаните“.

Крис Смолинг веќе има одиграно 21 натпревар за Рома, постигнувајќи 2 гола и 1 асистенција.