ФУДБАЛ

Смолинг тврди: Видов вонземјани!

Да, добро прочитавте. Играчот на Рома, Крис Смолинг изјави дека видел НЛО со неговата сопруга во неделата вечерта.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, а денес член на Рома, Крис Смолинг, паузата од напорната сезона ја минува со своето семејство во Jамaјка.

Токму тој и неговата сопруга, барем според нив, забележале небројен летечки објект на небото. Тие го опишаа настанот како најчудната работа што некогаш ја виделе.

Неговата сопруга го опиша целиот настан на својата сторија на Инстаграм.

“Тоа беше огромен и многу софистициран летачки објект со силни светла на него. Изгледаше навистина чудно, 100 трилиони проценти не беше дрон. Знам лудо е! Исто така, тоа не беше авион или нешто слично. Беше многу тивко. Исто така, немам ништо од тоа да го споделам ова. Само што многу мои следбеници ќе помислат дека сум луда!”, напиша Сем Смолинг.

Крис Смолинг оваа сезона одигра 16 натпревари во дресот на Рома, а поголемиот дел од сезоната го помина со повреди.

Пред Рома, тој играше за Манчестер Јунајтед 8 години, каде пристигна од Фулам. Кариерата ја започна во редовите на нисколигашот Мејдстон.

А легендарниот Диего Марадона своевремено имаше искуства со вонземјани.

„Зошто би го измислиле тоа? Во една прилика, откако испив премногу, бев надвор од дома неколку дена. Дојдов дома и реков дека ме киднапираа вонземјани. Ме фатија и ме киднапираа, не можам да ви кажам за тоа“, рече одличниот Диего пред неколку години.