ФУДБАЛ

Смртта на кралицата Елизабета Втора предизвикува проблеми: Што ќе се случи со спортските настани во Велика Британија

Денеска на 96-годишна возраст почина кралицата Елизабета Втора, а тоа е една од главните вести во Велика Британија.

 

Со оглед на нејзината состојба, прашање на време беше кога ќе почине, а сега во Велика Британија се активираат бројни протоколи.

 

Едно од клучните прашања е што ќе се случува со спортските настани во наредниот период во рамките на земјите кои припаѓаат на Велика Британија.

Постојат две решенија. Првата е дека на клубовите ќе им биде дозволено да избираат дали ќе се играат натпревари, но таа опција е помалку веројатна.

 

Друга опција е сите настани да бидат одложени за минимум десет дена, колку што траат протоколите по нејзината смрт.

 

Сепак, се огласија фудбалските сојузи, а фудбалскиот сојуз на англискиот премиерлигаш го соопшти следново.

„Имајќи ја предвид целокупната состојба, но и фактот што за викендот се закажани редовни натпревари во сите нивоа на натпреварување, донесена е следната одлука. Во наредните часови, по разговорите со Владата и пошироките спортски сектори, ќе да се договори што ќе биде со спортските настани во наредниот период Одлуката ќе биде објавена во најбрз можен рок“, се наведува меѓу другото во соопштението.

 

Така што останува само да почекаме да видиме дали викендов ќе се играат натпревари во англиската Премиер лига, но и во другите земји во Велика Британија.

 

И покрај смртта на кралицата Елизабета Втора, Манчестер Јунајтед одлучи вечерва да одигра натпревар од Европската лига против Реал Сосиедад.

 

Исто така, фудбалерите на Арсенал го одиграа својот натпревар против Цирих, а на полувремето со едноминутно молчење и оддадоа почит на покојната кралица Елизабета Втора.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига