ФУДБАЛ

„Снајперистите веќе го имаа на нишан“

Нова трагедија можеше да се случи во Минхен за време на натпреварот Германија – Франција.

Непосредно пред синоќешниот натпревар на кој Франција ја победи Германија, активист на Гринпис реши да скокне со падобран на теренот.

Додека тој скокаше со падобран, тој се заглави на челична конструкција на стадионот и почна да ја губи контролата.

Сепак, со голем напор успеа да избегне да заврши на трибините и некако да слета на тревникот, а чуварите веднаш го извадија од теренот.

Активистот успеа да испушти голема топка на теренот со порака дека природата треба да се штити од нафта и нафтени деривати. За време на падот успеа да повреди две лица.

„Снајперистите веќе го имаа на нишан со оружје“, рече во средата министерот за внатрешни работи за баварскиот регион Јоаким Херман.

„Ако полицијата утврдеше дека станува збор за терористички напад, ќе платеше за тоа со својот живот“, додаде тој.

38-годишниот активист е приведен, а со оглед на строгите правила во Германија, тој нема да остане неказнет. Но, барем го избегна куршумот …