Фудбалот на снег секогаш имал своја привлечност, но натпреварот меѓу Атлетико Отава и Кавалри во финалето на канадската Премиер лига сепак може да се нарече одигран во нехумани услови.
Синоќа, стадионoт TD Place во Отава беше домаќин на финалето од плејофот на канадската Премиер лига.
Атлетико Отава го совлада Кавалри со резултат 2:1 по продолженијата и на тој начин ја освои титулата шампион.
Сепак, натпреварот ќе се памети по екстремните услови во кои беше одигран, а снимките од Отава брзо го обиколија светот. Освен тоа, беше виден и еден фантастичен погодок.
Снегот во канадската престолнина паѓаше во текот на целиот ден, а температурата беше под нулата. Организаторите на натпреварот се потрудија со помош на редарите да обезбедат услови за одигрување на средбата, но не им одеше сè според планот.
Но, сето тоа не му пречеше на Мексиканецот Давид Родригез, кој ги постигна двете погодоци што ја донесоа шампионската титула. Еден од нив беше вистинско ремек-дело – гол со „ножички“.
