Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго го направи едно од најголемите предавства во светот на фудбалот.
Фиго ја напушти Барселона во 2000 година и во тогашниот рекорден трансфер вреден 62 милиони евра се пресели во најголемиот ривал Реал Мадрид.
Овој потег беше означен како велепредавство. Фиго гласно зборуваше за тоа како Барселона му е тим, го прозива Реал на прославата на титулата, но потоа Флорентино Перез откако дојде на функцијата претседател на Реал, успеа да го убеди Фиго да стане ’Крал’.
„Ги излажа навивачите на Барселона. Ни ги скрши срцата и ќе плати за ова“, беше пораката на навивачите кои го запалија дресот на предавникот.
Luís Figo, Florentino Pérez, José Veiga, Joan Gaspart, Paulo Futre… 22 años después, los protagonistas hablan por primera vez del traspaso más polémico de la historia del fútbol. El documental #ElCasoFigoElFichajeDelSiglo llega el 25 de agosto. pic.twitter.com/ibxR5yJflW
— Netflix España (@NetflixES) August 18, 2022
На екраните доаѓа и комплетната приказна за трансферот на Фиго. Филмот наречен „Аферата Фиго: Трансферот што го промени фудбалот“ е снимен и ќе излезе на 25 август
Ќе може да се слушнат изјавите на учесниците на комплетното дело, меѓу кои главни улоги се Луис Фиго и Флорентино Перез.
„Дали изгледаше несреќно? Не. Ја сакаше Барселона“, е пораката на Пеп Гвардиола, поранешен соиграч од Барселона.
Фиго тврди дека бил подготвен да умре за дресот на каталонскиот гигант.
Ги разбрав вредностите на клубот и бев подготвен да умрам за тој дрес. Ме гледаа како еден од нив“, изјави Фиго и додаде:
„Лага е дека имав преддоговор со Реал. Многумина мислат дека знаат што се случило, но само јас ја знам вистинската вистина бидејќи јас сум главната улога во приказната“, изјави Фиго.
Португалецот помина по пет години во Барселона и Реал Мадрид. За Каталонците одигра 249 натпревари и постигна 45 голови.
Од друга страна, тој играше 245 пати во дресот на Реал. Постигна 58 гола и со двата клуба го освои шпанското првенство. Но, Краљеви му ја донесе и титулата европски првак во 2002 година.
Првото враќање на „Камп Ноу“ ќе се памети засекогаш. Навивачите на Барселона биле толку бесни што дури и фрлиле мртва свинска глава кон него.
Никогаш не му го простија ова големо предавство, а какво оправдување имаше за трансферот кој пред повеќе од две децении го шокираше светот ќе видиме во филмот.